Костовски: Не сум сигурен дали Здружението на оштетени штедачи е водено од оштетени штедачи или од инфилтрирани поединци

од Vladimir Zorba

Најавената тужба пред Меѓународниот суд против државата и НБРМ за случајот „Еуростандард банка“ бизнисменот Трифун Костовски ќе ја поднесе наскоро, во втората половина од годинава, откако како што вели „ќе ги изодиме сите правни институции во земјава’’.

За „Стандард“ тој ги обелоденува своите сомнежи дека тенденциозно се запира процесот на полнење на стечајната маса и настапува со хипотетичка констатација според која со стекнатиот имот и пари ќе бидат обештетени сите правни и физички лица.

„Имам впечаток дека вистинската ситуација во банката ги шокирала институциите кои се зафатија со овој нечесен чин и се плашат да ја кажат вистината“, категоричен е главниот акционер во Банката.

Под знак прашање ги става вистинските мотиви на Здружението на оштетени штедачи и вели: „Не сум сигурен дали ова здружение навистина е водено од оштетени штедачи или од инфилтрирани поединци од страна на организаторите на организираниот криминал со цел да ги пренасочат нападите кон мене како акционер и човек обидувајќи се да ме дискредитираат“.

За него нема дилеми дека пион на организираниот криминал за кој што зборува е гувернерката Бежоска, а луѓето што го контролираат овој криминал всушност се обидуваат да ги уништат правните субјекти од типот банки.

Резимирајќи го досегашниот приватен и професинален живот, Костовски заклучува: „Од најголем гринфилд инвеститор во Македонија, денес, после 20 години се наоѓам во фаза да се борам за својот имот спечален на чесен начин“.

Целото интервју на следниот линк!

Слични содржини