Костовски: Ученикот Апасиев го надмина падот на професорот Мицкоски – во Тетово не освои ниту еден советник

од Vladimir Zorba

„На вонредните избори за советници во општина Тетово ВМРО-ДПМНЕ забележа драматичен пад на поддршката од граѓаните. Од скоро 6.000 гласови во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ падна на 3.000 гласови“, вели на прес Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа.

Ученикот Апасиев го надмина падот на професорот Мицкоски, во Тетово не освои ниту еден, повторувам ниту еден советник.

Двојната победа на СДСМ и коалицијата предводена од Ковачевски покажа дека Мицкоски и Апсиев немаат поддршка од граѓаните.

Сите анкети што ги нарачуваа и лажно ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ се потврди сега дека се лажни и погрешни“, тврди тој.

Слични содржини