Костовски: ВМРО-ДПМНЕ кажува дека е за ЕУ, но прави се за зголемување на евроскептицизмот

од Vladimir Zorba

„Евроскептицизмот е во пораст во земајва и тука морам прстот да го вперам во неодговорни политичари, пред се од ВМРО-ДПМНЕ. Не е само да кажеме дека сме за ЕУ, што направи ВМРО-ДПМНЕ за ЕУ? Што направивте со вештачка хипноза дека ЕУ не е реална опција, дека Бугарите ќе не загрозат, дека не чекаат лоши денови, со ширење на паника и страв?“ запраша пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека со ваквите ставови опозициската ВМРО-ДПМНЕ креира само паника кај граѓаните со што го зголемува евроскептицизмот, наспроти стратешката цел на државата.

„Стратешка определба на нашата држава се ЕУ и НАТО, развојна економија, повисок стандард, квалитетно образование и здравство. Тоа е сон на многу генерации пред нас“ рече Костовски.

Пратеникот истакна дека ЕУ го афирмира интересот за земјите од Западен Балкан, што се докажува и со притисокот за решавање на спорот меѓу Косово и Србија, а тоа што Северна Македонија беше избрана за домаќин на нивниот состанок и преговори покажува дека земјава има поддршка.

Слични содржини