Костовски: Во време на криза СДСМ инвестира во патната инфраструктура

од Nikola Popovski

Во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата на СДСМ со навремени мерки вредни 400 милиони евра успешно го амортизираше ценоvниот шок, изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на прес-конференција.

Според него, капиталните инвестиции во инфраструктурата помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, но и да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и граѓаните.

-Од 2017 година па досега, изградени или реконструирани се над 1.000 километри патишта во вкупна вредност од над една милијарда евра. Во периодов се инвестираат 135 милиони евра во изградба на експресни патишта низ целата држава. Во тек е изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со должина од 25 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра. Веќе над 75% од оваа патна делница е завршена. Започната е обнова и на магистралниот пат Куманово – Страцин, вредна 12 милиони евrа и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши. Се гради и експресниот пат Градско – Прилеп тука има напредок на делницата до Дреново. За тоа колку крупен инвестициски зафат станува збор говори податокот дека на овој правец се градат 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт, информира Костовски, набројувајќи дел од проектите.

 

Слични содржини