Ковачевски и Мицкоски ќе се сретнат наредната година

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска порача дека средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски околу техничката влада ќе биде идната година, но се уште не се знае дали пред или после празниците.

-Она што го видовме е дека по новогодишните празници и ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава во однос на тоа кои ќе бидат нивните преставици во техничката влада. СДСМ го комплетираше тоа неделава. Во однос на Владата, разговори ќе течат на ниво на коалиција и учесниците во Владата. Деталите ќе се знаат до 25-ти јануари, кажа премиерот по официјалното отворање на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ во општина Карпош.

Околу местото на вицепремиерот Артан Груби во техничката влада, Ковачевски вели дека „не го смета тоа место толку значајно, за да биде толку експонирано“.

-Тој е само еден од вицепремиерите, кажа премиерот.

Слични содржини