Ковачевски: Имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На денешната седница Владата ги разгледа и усвои заклучоците кои ги изгласа денес Собранието и врз основа на тие заклучоци донесовме одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни 2022 година. Со оваа одлука го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Со оваа владина седница заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја, порача премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

„Поради оваа кординирана и посветена работа ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме веќе на чекор од одржувањето на првата меѓувладина седница која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ“, истакна тој.

Премиерот подвлече дека денес се отворени нови перспективи за државата, нови можности за просперитет на граѓаните.

„Од овде и од денес па натаму одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик“, изјави Ковачевски.

Слични содржини