Ковачевски на Божиќ во храмот „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во Охрид

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи” во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

Премиерот Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост. Споделени беа и очекувања да се продолжи по патот на перспективите.

Големиот христијански празник Божиќ, како што констатираше премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.

Слични содржини