Ковачевски: Најдобрите ТОП 100 компании вработуваат 9440 сограѓани и реализирале инвестиции од 64,6 милиони евра

од Nikola Popovski
258 прегледи

Економскиот развој е наша примарна цел. Влезот во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, обезбедуваат севкупен економски напредок за сите граѓани во нашата земја. Со примената на стандардите на ЕУ и со почетокот на скрининг процесот следува забрзување на реформите и европско функционирање на институциите, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната на настанот „ТОП 100 компании”, организиран од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Како што информира, согласно податоците на Стопанска комора на северозападна Македонија, најдобрите ТОП 100 компании, во 2022 година во услови на светска економско-енергетска криза го зголеми бројот на вработени споредено со 2021 година и вработуваат 9.441 наши сограѓани, имаат реализирано нето добивка од 100 милиони евра, оствариле 1,3 милијарда евра приходи и реализирале инвестиции од 64,6 милиони евра.

-Средствата ќе бидат насочени кон поддршка на зајакнувањето на приватниот сектор. Воведуваме конкретни мерки за ублажување на економската криза и зачувување на конкурентноста на нашата економија, на тој начин штитејќи ги работните места на граѓаните и создавајќи услови за достоинствени плати преку поддршка на трансформација на компаниите во енергетски ефикасни, компании кои воведуваат нови технологии и кои ги обучуваат своите вработени со најновите менаџмент практики, посочи премиерот.

 

Слични содржини