Ковачевски: Не се мешам во работата на Судскиот совет, никогаш се немам сретнато со претседател на суд

од Nikola Popovski

Разрешувањето на претседателката на Судскиот совет беа сцени кои не доликуваа на највисокиот орган во правосудството. Уште од првиот ден кога станав претседател на Владата, кажав дека ниту јас како претседател, ниту било кој министер се меша во работата на Судскиот совет или Советот на обвинители. Тоа можеше да се потврди и низ директен пренос од Судскиот совет, рече премиерот, Димитар Ковачевски за последните случувања во правосудниот систем.

Ковачевски се надоврза на реакцијата на Министерството за правда и барањето да се види Записникот од самата седница, на која беше разрешена довчерашната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева.

-Јас можам да кажам дека никогаш лично не сум имал состанок со ниту еден претседател на суд или претседател на Судски совет. Судската власт е независна власт. Дали некој им се мешал, тоа треба самите да го пријават преку соодветна процедура, кажа премиерот одговарајќи на новинарско прашање, после увидот на градежни активности на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка.

Слични содржини