Ковачевски: Ова не е Македонија на закани, конфликти и нетрпеливост од 2001-та, ова е Македонија од 2024-та насочена кон ЕУ

од Vladimir Zorba

„Јас, како човек и професионалец се градев себеси во приватниот секторот. Работев за домашни и странски компании, работев на голем број проекти, соработував со различни луѓе. Тоа ме прави различен од лидерите на другите политички партии, кои со децении се во политиката и кои единствено што знаат е седење по кабинети и да чекаат да седнат на столче повисоко во хиерархијата,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанскиот митинг во скопско Сопиште.

Ковачевски посочи дека додека тој говори за проекти, подобар животен стандард, раст на плати и пензии, други креираат тензии и се обидуваат да потпалат меѓуетнички тензии.

„Сакам да им порачам на сите ова не е Македонија на закани, конфликти и нетрпеливост од 2001-та година. Ова е Македонија од 2024 година, Македонија која гордо и сигурно чекори кон рамноправно членство во Европската Унија. И враќање назад нема! Ние, заедно со вас граѓаните, нема да го дозволиме тоа!,“ порача Ковачевски.

Тој додаде дека на граѓаните треба да им е јасно дека секоја блокада на европскиот пат не е само стагнација, тоа е и враќање назад. Назад во 2001 година или којзнае каде. Како и дека нашето меѓунационално единство е сѐ уште кревко и не може да си дозволиме кој било да си игра со него, а особено лидери на политички партии.

„И затоа, сакам и од тука да потврдам – Само СДСМ може да го предводи обединувањето на граѓаните и на државата зад една заедничка идеја – идејата за европска иднина. Само СДСМ има обединувачка моќ да ги поврзе сите луѓе во државата, и само СДСМ го има клучот за подобра, безбедна и одговорна иднина,“ порача Ковачевски.

Слични содржини