Ковачевски: Приходите во 2021 година ќе бидат целосно остварени

од Nikola Popovski

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски на собраниската Комисија за финансирање и буџет информира дека во однос на сегашната реализација на Буџетот, во делот на приходите од ДДВ, до денеска имаме натфрлање на планот за 26,7 проценти во однос на истиот период лани.

-Тоа ми дава за право да кажам дека приходите во 2021 година ќе бидат остварени на ниво од 100 проценти. Во 2022 година економскит раст е предвиден на 4,6 отсто во услови на зголемување на инвестициите, солиден раст на потрошувачката и стабилизирање на надворешната побарувачка, рече Ковачевски.

Според него, инвестиците се планираат да бидат потикнати и преку државна поддршка за унапредување на приватниот сектор, како и за зајакнување на конкурентноста и иновативноста преку воведување нови инструменти за финансирање, нагласи заменик-министерот и додаде дека проектираниот раст на приватната потрошувачка е 3,5 проценти.

Слични содржини