Ковачевски: Присуството на Лавров е дипломатска победа на ОБСЕ, а не на Русија

од Nikola Popovski

Секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија која што Русија ја изврши врз Украина. Некои тоа го прават со нивно неприсуство, но некои со свое присуство и со јасни искажани ставови врз неоправданоста на оваа агресија, изјави денеска шефот на македонската Влада, Димитар Ковачевски пред почетокот на 30. министерски самит на ОБСЕ. Премиерот беше запрашан како го коментира тоа што повеќе министри и делегации не дојдоа во Скопје поради присуството на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој во изјава за медиумите на самото пристигнување на настанот, рече дека и самиот ќе искаже јасен став при првото излегување на отворањето на настанот.

-Едно е клучно дека се надевам дека состанокот ќе биде успешен. Сакам да се заблагодарам на сите иснтитуции кои беа вклучени во организирањето на овој голем настан, кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека ова апсолутно не е дипломатска победа на Русија, туку дипломатска победа на ОБСЕ бидејќи беше доведено до прашање функционирањето на ОБСЕ.

Претседателот на Владата истакна дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи.

Ковачевски прв ќе се обрати пред присутните земји-членки, со што официјално ќе започне Министерскиот самит на ОБСЕ.

Слични содржини