Ковачевски разговарал со Таравари за стратешката цел на земјата и партнерството со САД

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски информира дека денеска остварил средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Според лидерот на владеачката партија, во седиштето на СДСМ, разговарале за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД.

-Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД. Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат, стои во објавата на Ковачевски.

Претходно во текот на денот, Таравари изјави дека не е заинтересиран за кандидат за претседател на државата, иако добил таква понуда од Европскиот сојуз за промени.

Слични содржини