Ковачевски сака да ѝ помогне на Арсовска за да се завршат проектите и Скопје да заличи на метропола

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски има намера да му помогне на раководството на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за да ѝ помогне, бидејќи како што рече, не може да се доправи ништо во градот што е започнато како проект.

Планирам да ги повикам раководството на Скопје за да видиме како можеме да помогнеме како влада. Опозицијата се фалеше дека ќе го направи Скопје метропола, но за жал, денес погледнете какво е. Кога граѓаните во големо мнозинство гласаа пред две години за избор на нов градоначалник, тие тој градоначалник го бираа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и сега не заслужуваат да гледаат две години кавга меѓу раководството на ВМРО и на Град Скопје, рече денеска Ковачевски од општина Аеродром.

Претседателот на Владата истакна дека политичар не е ставен на позиција за да се кара со некој друг, туку за да работи и за да обезбеди подобар живот на граѓаните.

За топлинската енергија во Скопје следнава зима, Ковачевски информира дека во Буџетот има одвоено средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки, а една од антикризните мерки е и субвенционирање на парното греење во Скопје.

Слични содржини