Ковачевски уверува: 118 пратеници ќе гласаат за уставните измени, Левица сака заедница со Казахстан и Таџикистан

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека уставните измени ќе бидат изгласани во Собранието. Според него, овој процес нема и не може да застане бидејќи е многу важен и од него зависи иднината на државата.

До крајот на мандатот има уште година дена. Ова е шанса која што не треба да се пропушти. Ова е процес кој што не застанува. Не може да застане од тоа што зависи иднината на државата, истакна Ковачевски по увидот во отпочнување со градежни работи за изградба на затворен пливачки базен во Општина Карпош.

Претседателот на Владата уверува дека на крај ќе има 118 пратеници кои ќе гласаат за промени на Уставот и внесување на Бугарите. Образложи зошто не смета дека сите 120 пратеници би гласале „за“.

Левица е против ЕУ и они со Казахстан и Таџикистан ќе правеле заедница, додаде Ковачевски запрашан до каде е процесот кој треба да продолжи во Собранието.

Слични содржини