Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ со скриениот бојкот на пописот им направи лоша услуга на Македонците

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека пописот бил успешен и покрај ковид-кризата.

-Изразувам задоволство. Ние бевме меѓу трите земји во светот што немавме попис. Беа присутни експерти од ЕУ и според неговите зборови, пописот се спроведе со најмодерните алатки и користени се девет бази на податоци. Ако ги гледате податоците од другите пописи низ светот, опфатот на граѓаните кои не се опфатени во споредба со нашиот е поголем. Примери има многу, се движат и до 10% од населението. За граѓаните што не се попишаа, имаше неколку причини зошто не се опфатени. Беше поместен пописот од април во септември. Имаше и активен и скриен бојкот. Левица беше против пописот, а ВМРО-ДПМНЕ прво водеше активна кампања за бојкот, а потоа водеше скриен бојкот, кој што им направи лоша услуга пред се на Македонците. На своето гласачко тело им кажуваа да не излегуваат на попис. Ги лажеа дека одредени заедници ќе бидат до 35%, вели Ковачевски во интервјуто за емисијата „360“.

-Ако ги погледнеме бројките, главната информација е дека имаме намалување на пописот, но тоа е заедничко за сите земји од Балканот. Овој попис е од значење за да креираме економски политики кои што ќе се свртат кон инвестициите и можностите за младите. Ако ја погледнете кај младите, гледате многу кај оние родени во 2002 години кои ги нема во пописот. Мораме да се трудиме да креираме политики, додава Ковачевски.

Слични содржини