244
Од Конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се појави една интересна фотографија.
Имено на конвенцијата беше уловен момент на срдечен поздрав и заедничка прегратка на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и поранешните претседатели на партијата и премиери на државата Зоран Заев и Владо Бучковски.
Сите тројца во позитивна атмосфера и со елан дадоа поддршка на Стево Пендаровски за втор претседателски мандат.
На овој начин СДСМ уште еднаш на дело покажува дека во нејзините редови има заедништво и обединетост во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 април и на 8 мај.