Ковчегот со телото на кралицата Елизабета денеска заминува од Балморал за Единбург

од Берта Китинска

Ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора денеска ќе биде префрлен од замокот Балморал во Шкотска во Единбург.

Погребната кола полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.

Во среда ковчегот ќе биде поставен во Вестминстерската сала, а погребот ќе се одржи на 19 септември.

Кралицата Елизабета почина на 8 септември во Балморал.

Слични содржини