Коѕијас поднесе оставка, Ципрас ја презема и неговата функција

од desk2

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас ја доставил неговата оставка до грчкиот премиер Алексис Ципрас, според информациите во новинарските кругови во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас и му се заблагодари за неговиот придонес во Владата и за земјата во изминатите 3,5 години, соопшти Кабинетот на претседателот на грчката Влада,

Како јави дописничката на МИА од Атина, Министерството за надворешни работи ќе го преземе премиерот на Грција „за да помогне со сите сили во успешно завршување на Договорот од Преспа“.

Слични содржини