„Кралеви на несмасноста“: Ова се најсмотаните хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

Колку и да изгледа чудно, не постои само еден вид несмасност. Всушност, ги има неколку и секој хороскопски знак спаѓа во една или друга категорија, според нивните карактеристики.

Неколку хороскопски знаци делуваат импулсивно без да размислуваат премногу за последиците. Некои знаци се несмасни во друга, физичка смисла.

Но, некои знаци за жал ги добиваат двете особини, психичка и физичка несмасност, и како такви ги нарекуваме тие хороскопски знаци „кралеви на несмасноста“.

Жаргонски кажано, ова се трите најсмотани знаци на Зодијакот:

Стрелец

Движечката сила што го турка огнениот Стрелец може да стане негов најголем непријател. Вашата импулсивност е главниот виновник за вашата голема несмасност. Не можете да поминете низ животот со глава низ ѕид без да се грижите за последиците или не.

Во желбата што побрзо да ги постигне зацртаните цели, Стрелецот ќе направи низа погрешни чекори, од кои многу ќе испаднат комични и смешни, а токму поради неговата мила и несвесна смотаност се наоѓа на оваа листа.

Овен
Оптимистичкото гледање на постапките на Овен понекогаш може да биде многу корисно, но во повеќето случаи тоа станува нивната Ахилова пета. Тие често кажуваат или прават работи без размислување, а кога ќе сфатат дека се збркале, веќе е доцна.

Тие држат високо место на оваа листа не само затоа што лесно се заплеткуваат во наједноставната комуникација, туку затоа што нивната смотаност се рефлектира во повеќето ситуации кога ги покажуваат своите физички способности.

Близнаци
Близнаците се најсмотаниот знак во Зодијакот. Тоа не изненадува толку многу, бидејќи со нивната висока енергија што ги инспирира, всушност би било чудно доколку успеат да ги задржат нозете на земја!

Така, комбинацијата на физичка несмасност и премногу несмасност во говорот ги прави Близнаците врв на смотаните знаци. И најдоброто нешто е што овој знак на двојност не се грижи многу за тоа; всушност воопшто не. На крајот, нивната единствена грижа во животот е да бидат среќни и да уживаат во животот.

Слични содржини