„Кралица Камила“: Сопругата на кралот Чарлс добива нова титула (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Титулата „Кралица Камила“ е употребена за првпат во официјално својство. Се појавила на поканите за крунисувањето на кралот Чарлс Трети, а ќе стане нејзина титула по крунисувањето, пишува „Хина“.

Камила беше официјално нарекувана како „кралица сопруга“ од смртта на кралицата Елизабета Втора, но беше наречена „Кралица Камила“ покрај кралот Чарлс Трети на поканите кои ќе бидат испратени до повеќе од 2.000 гости.

Кралската веб-локација ќе биде ажурирана по крунисувањето за да ја одрази промената на титулата на Камила, а „кралицата сопруга“ ќе биде заменета со „Кралицата Камила“, соопшти палатата.

Овој потег го означува неверојатното патување на Камила во текот на повеќе од пет децении, од романтична врска, до љубовница и конечно сопруга на кралот, а ќе кулминира со нејзиното официјално крунисување како кралица покрај новиот крал.

Слични содржини