Кралицата Елизабета и принцот Филип примија вакцина против коронавирус

од Vladimir Zorba

БРИТАНСКАТА Кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примиле вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Бакингемската палата.

Кралската куќа, која ретко открива детали за здравјето на кралскиот пар, изјави дека кралицата одлучила оваа информација да биде објавена со цел да се спречат можните шпекулации и неточни информации, пренесува Би-Би-Си.

Извор близок до кралското семејство за агенцијата АП потврдил дека кралицата и принцот Филип биле вакцинирани од семеен лекар во замокот Виндзор.

Досега 1,5 милиони луѓе во Велика Британија ја примија првата доза на вакцина за коронавирус.

Слични содржини