Кралицата Елизабета и принцот Филип слават 73 години брак (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип слават 73-годишнина од бракот, а по тој повод беше објавена фотографија на која се гледа како кралската двојка отвора честитка од нивните три правнуци.

На фотографијата, кралицата и нејзиниот сопруг седат на софа во замокот Виндзор и гледаат во честитка што им ја направиле децата на нивниот внук, принцот Вилијам. На честитката стои бројот 73, пренесува АП.

Елизабет имала 21 година кога се омажила на 20 ноември 1947 година. Таа е на британскиот престол од 1952 година, подолго од кој било друг британски монарх.

Исто така, нејзиниот брак со принцот Филип е најдолг во историјата на британските владетели.

И додека кралицата Елизабета сè уште ги извршува своите должности, принцот Филип (99) се повлече од јавниот живот.

Слични содржини