Кралицата Елизабета II: Тмурно е расположението во земјата

од desk2
109 прегледи

Британската кралица Елизабета II во својата официјална родеденска порака вели дека тешко е да се избегне тмурното расположение во земјата по трагедиите во Лондон и во Манчестер.


Кралицата истакна дека Обединетото кралство е сведок на низа ужасни трагедии во последните недели, пренесува BBC.
Во својата порака кралицата додава: „Обединетото кралство е непоколебливо пред предизвиците“.

„Денеска е традиционален ден за славје. Меѓутоа, оваа година тешко е да се избегне многу тмурното расположение во државата. Во текот на моите неодамнешни посети на Манчестер и Лондон, врз мене остави голем впечаток безрезервната подготвеност на луѓето ширум земјата да понудат утеха и поддршка на оние кои им е очајнички потребна.

Обединети во нашата тага, ние сме подеднакво посветени да, без страв или корист, им помогнеме на сите оние кои повторно ги градат своите животи погодени од трауми и губитоци“, се наведува во роденденската порака на кралицата Елизабета II.