Кралицата Елизабета се врати во Виндзор по болничкиот преглед (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Британската кралица Елизабета Втора, која беше во болница на „прелиминарни прегледи“, се врати во замокот Виндзор, соопшти Бакингемската палата.

„Кралицата отиде во болница во средата попладне на прелиминарни прегледи и се врати во Виндзор на ручек во четвртокот, и таа е во добро расположение“, се вели во краткото соопштение на палатата, објавено доцна синоќа.

Кралицата Елизабета Втора (95) во средата „неволно“ го прифатила советот на лекарот да одмори неколку дена и да ја откаже посетата на Северна Ирска.

Кралицата помина период во карантин поради коронавирусот во замокот Виндзор во близина на Лондон, а и покрај шпекулациите дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни ангажмани.

Слични содржини