Кралицата Елизабета спие на 80.000 евра

од Nikola Popovski

Британската кралица Елизабета користи душеци исклучиво од англиската компанија од Корнвол, Виспринг, која со децении ја снабдува кралската куќа со своите душеци. Оној на кој спие кралицата Елизабета се вика „Diamond Majesty“, а менаџерот за извоз во таа компанија Симоне Роси открива дека цената на тој модел е околу 80.000 евра.

Станува збор за кревет со димензии 180 × 200 сантиметри, тежок 80 килограми.

Особеноста на овој кревет лежи во три слоја, вметнати во џебовите од природен материјал, како што е волната викуња, јужноамериканско животно кое живее на Андите и е близок роднина на ламата, а чија волна се смета за најквалитетna во светот. Потоа, се комбинира и шетландска волна, кашмир, свила и бамбус.

Тие му овозможуваат на телото да дише и обезбедуваат поддршка за колковите, рамената и ‘рбетот.

Овие душеци ги сакаа и принцот Хари и Меган Маркл за нивната куќа во Виндзор.

Креветите на оваа компанија ги користат и членовите на холандското и шпанското кралско семејство, вели Роси.

Долгогодишната шефица на тимот за чистење во британските кралски вили, Барбара Олред, открива дека секое утро и биле потребни најмалку дваесет минути за да го среди креветот на кралицата Елизабета, за се да биде совршено и да ги собере шарите на постелнината.

Но, таа признава дека на крајот креветот бил толку привлечен што паднала во искушение да скокне во него.

Ако се земе предвид дека речиси една третина од животот поминуваме спиејќи, можеби тајната на долговечноста и виталноста на кралицата лежи токму во нејзиниот кревет.

Слични содржини