Мадона во 59 година од животот не остави ништо што од нејзе веќе не сме го виделе. Од сексуални до експерименти за разубавување, нега и модни предизвици. Сепак, нејзиниот последен пост на Инстаграм прати силна порака: „Дури и Мадона се плаши од стареење“.

Десет милиони нејзини следбеници останаа во шок кога објави кратко видео од бизарен третман за подмладување на кое била.
Своевидни вилушки со кои козметичарката и го третирала лицето делуваа многу силно, опасно, а Мадона не се грижеше за тоа.
Снимала со желба да документира уште еден сегмент во својот живот.
Иако често ја обвинуваат дека во последно време не може да се контролира со своите естетски зафати, Мадона со овој клип тоа и го документира.
Таа е позната дека со години, поточно со децении оди во хипербарични комори за да го задржи свежиот изглед.
А ни другите естетски новитети не и се непознати во желбата да ја продолжи својата младост.
https://instagram.com/p/Be3u_oGhbwt/?utm_source=ig_embed