Кралицата не се појавила во црква во саботата, сака да биде здрава за Божиќ

од Vladimir Zorba

Кралицата не се појавила во црква во саботата, а донела таква одлука за сите здрави да го прослават Божиќ, пренесуваат британските медиуми.

Елизабета ги откажа и редовните неделни активности во Виндзор, се со цел да избегне можна инфекција на коронавирусот.

Изворите блиски до дворот велат дека кралицата е во добра здравствена состојба и дека може да оди без бастун, а одлучила да се „повлече“ за да може без грижи да ги помине празниците со семејството.

Традиционалниот предбожиќен ручек во Виндзор превентивно е откажан, а кралицата во среда ќе замине за Сандригам, а за нејзиното пристигнување се се подготвува.

На имотот ќе и се придружат принцот Чарлс, неговата сопруга Камила, принцот Вилијам, Кејт и нивните деца. Се очекува и доаѓањето на принцот Ендру, но и Беатрис, принцот Едвард и уште неколку членови на семејството.

Медиумите пишуваат дека сите ќе бидат сместени во главната куќа, или во некоја од зградите на имотот.

– Кралицата сака да ги помине празниците со што повеќе членови на семејството – рекол изворот.

Кралицата Елизабета сака да биде во друштво со најблиските, бидејќи ова е првиот Божиќ што ќе го помине без нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина во април оваа година.

Изворите наведуваат и дека е можно членовите на кралското семејство, поради Ковид, нема традиционално да останат да се дружат со луѓето по божиќната богослужба во црквата во Сандрингем.

Слични содржини