Креаторите на „Спутник В“ се убедени дека СЗО наскоро ќе ја одобри вакцината

од Vladimir Zorba

Рускиот фонд за директни инвестиции, производител на вакцината против коронавирусот „Спутник В“, не се сомнева дека Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја одобри руската вакцина, изјави директорот на Фондот, Кирил Дмитријев.

„Веруваме дека претставниците на СЗО ќе ја посетат Русија наскоро, во октомври, и не се сомневаме дека СЗО ќе ја одобри вакцината“, рече Дмитријев на конференцијата „Bloomberg Invest Global“.

Тој, исто така, во својот говор изјави дека повеќе од 100 милиони дози руски вакцини против вирусот „Спутник В“ и „Спутник лајт“ ќе бидат произведени во октомври, додека во ноември, 50 проценти од овие вакцини ќе бидат произведени во странство, објави Танјуг.

Помошник -генералниот директор на СЗО, Маријангела Симао, изјави дека правниот проблем, поради кој е запрен процесот за одобрување на вакцината „Спутник В“, е решен и дека процесот ќе продолжи по усогласување на документацијата.

Според неа, ова се податоци што треба да се внесат во досието, а кои се очекуваат од Рускиот фонд за директни инвестиции, како и завршување на инспекциите во Русија.

Неодамна, министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, изјави дека сите пречки за признавање на руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“ во СЗО се отстранети и дека остануваат некои административни процедури.

Слични содржини