Кремаста торта со кафе и маскарпоне (РЕЦЕПТ)

од Elena Daskalova

Прекрасен кремаст рецепт за чоколадна торта со кафе и маскарпоне, со богат вкус, одлична за гости и што е најважно, не се пече.

Состојки за тесто:

160 грама бисквити или суви кекси по избор
50 грама кафеав шеќер
70 грама путер, растопен
Една лажичка екстракт од ванила

Состојки за фил:

300 милилитри слатка павлака
170 грама темно чоколадо
230 грама маскарпоне
Една шолја еспресо или инстант кафе (мал филџан како за турско кафе)

Подготовка:

Во блендер или процесор за храна иситнете ги бисквитите во фини ронки. Додадете го путерот, шеќерот и екстрактот од ванила и мешајте додека да добиете структура налик тесто.

Оваа смеса распоредете ја дното на калапот за торта и ставете ја во фрижидер.

Во сад ставете ја слатката павлака, кафето и чоколадото, исецкано на парчиња. Ставете го тенџерето на тивок оган и постојано мешајте. Откако ќе го тргнете од оган, додавајте го маскарпонето и мешајте со маталка. Оставете да се излади на собна температура.

Потоа, нанесете ја цела смеса врз тестото. Десертот нека се лади најмалку 3 часа во фрижидер, а најдобро преку ноќ.

Декорирајте со рендано чоколадо или со овошје.

Слични содржини