Криси Тејган отворена за зависноста од алкохол

од Vladimir Zorba

Криси Тејган отворено раскажа за борбата со зависноста од алкохол пред Cosmopolitan.

Сопругата на Џон Леџенд им раскажа на новинарите пред некое време зошто се труди да не употребува навечер такви пијалаци.

„Се навикнав додека ми се потготвува мојата фризура, шминка, да држам во рака чаша вино. Претходно оваа чаша ми помагаше пред почетокот на многу шоуа. А потоа ме тераше да се чувствувам лошо и непријатно пред луѓето кои ги почитувам.

И тоа чувство не може да се спореди со ништо. Се чувствував ужасно. Ова не беше најдобрата опција ниту за мене, ниту за Џон, ниту за кого и да било “, раскажа Криси.

Таа исто така додава дека откако престанала да употребува алкохол, почувствувала дека кожата, косата и надворешниот нејзин изглед станале поубави.

Сопругата на пејачот го привлече вниманието кога на Американските музички награди се појави без долна облека и ги покажа интимните делови.

Подоцна таа се извини за својата одлука.

Слични содржини