Кристијан Габроски, кој е еден од авторите на кои државата требаше да им исплати субвенции за композиции, во склоп на законот за поддршка на домашната музика, реагира по повод повлекувањето на одлуката, за која денес Министерството за кулутура ја информираше јавноста, информира Фокус.

Габроски, кој е автор на 11 песни кои на последниот конкурс беа избрани за субвенционирање, во телефонски разговор ни кажа дека се чувствува оштетен поради одлуката на Министерството за култура и како истото министерство го смета за најголем проблем во целата ситуација.
-Јас сум оштетен од страна на тоа што изгубив време, труд и пари. Работев од седум часот наутро до единаесет часот навечер, творев, вложував. Подготвував документации, губев време. Од министерството можеле по секој квартал, доколку имало проблем или пак планирале некои измени, да не известат нам, авторите, па ние истите песни ќе сме ги промовирале самите и не би чекале ништо. Се најдов на мета на напади, а и самите тие кои ме напаѓаат не знаат точно поради што. Бидејќи лага е дека сме добиле толку пари, значи не сме добиле ништо за песните од 2016 година до сега, односно за се што сме сработиле за седум квартали. Сите тие суми кои што се објавија не се точни, бидејќи не се тоа износите кои ние ги добиваме чисти. Мора да платиме данок, да платиме за видео и аудио снимање, пратечки вокали, гитаристи и друго – реагира Габроски, за кого одредени медиуми известија дека за 11 песни ќе добие 36 илјади евра.
Целиот текст можете да го прочитате тука