Кривичен го потврди притворот за судијата Георгиев

од Nikola Popovski

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје разгледа жалбата на одбраната на осомничениот врховен судија Наке Георгиев, поднесена против решението на судијата на претходна постапка од 21 мај 2024 година. На јавната седница, одржана на барање на одбраната, беа разгледани аргументите на одбраната и обвинителот во врска со предлогот за определување мерка притвор.

-Денеска, по барање на одбраната на осомничениот одржа јавна седница на која по произнесување на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, информираат од Кривичниот суд.

Иџет Мемети, членот на Советот на јавни обвинители остана без патната исправа. Судија на претходна постапка на предлог на Обвинителството, одреди мерки на претпазливостт на второосомничениот во случајот за примање поткуп.

Мемети и Георгиев се осомничени дека за пари, на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, му ветувале дека ќе му ја олеснат положбата во која се наоѓа. Стојчев е осомничен за шверц на дрога и се наоѓа во притвор во Шутка.

Слични содржини