355
Неколку деца се избодени со нож во напад на игралиште во југоисточна Франција, јавуваат локалните медиуми.
Нападот се случил утрово околу 9:45 часот.
Вкупно осум лица се избодени со нож, додека три се во критична состојба.
На местото на настанот пристигнала вооружена полиција која брзо го совладала напаѓачот пред да биде уапсен и пренесен во болница.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер напиша: „Неколку лица, меѓу кои и деца, беа повредени од лице вооружено со нож. Поединецот е уапсен благодарение на многу брзата интервенција на полицијата“.