Вратарот, избоден на новогодишната вечер, умре штитејќи ги богатите клиенти на забавата на самопрогласениот аристократ, лордот “Брз Еди” Девенпорт.

Самопрогласениот аристократ, познат по луксузните секс-забави, бил виден како помага при плаќањето на вратата на ексклузивната забава, кога насилниците се обиделе да си го пробијат патот до “Парк Лејн”, каде Новата година ја прославиja арапски принцези, тајкуни и други познати личности.
https://www.youtube.com/watch?v=EaNAEH1XMMc
“Тоа беше луда забава”, вели извор близок до Девенпорт.
Вратарот Тјудор Симионов бил убиен откако бил избоден во гради, а и хостесите исто така биле сериозно повредени, при инцидентот кој се случи во околу 5:30 часот по локално време.
Брзиот Еди пред три години беше пуштен од затвор бидејќи ги убедил судиите дека е тешко болен. Но, сигурно ужива во животот по излегувањето на слобода.
“Еди ја организираше забавата. Тој ги наплаќаше влезниците”, вели член на персоналот, кој сакаше да остане анонимен. “Тој издаваше карти и ги наплаќаше. На пример, некој плаќаше 2.200 евра, некој 800, а некој 110 евра. Цените не беа фиксни. Со Девенпорт работеше и една Кинеска”, додава тој.
https://www.youtube.com/watch?v=NxPYrtpJwGQ
Изворот наведува дека имало девојки “облечени во атрактивна облека, со долна облека кој ѕиркала, и дека луѓето влегувале и излегувале”. “Делуваше како секс-забава”, истакна тој.
Минатата вечер адвокатите на Девенпорт наведоа дека нивниот клиент не ја организирал забавата, не земал пари, ниту платил за промоција на забавата. Но, соговорникот признал дека не знае дали неговиот клиент бил присутен.
“Чекам Девенпорт да ми потврди дали бил на забавата или не”, вели тој. Сепак, други извори тврдат дека токму Девенпорт бил организатор на забавата. Многу пријатели на Еди и негови поранешни клиенти биле таму, во друштво на елитни проститутки.
“Се беше добро додека не се случи инцидентот. Хостесите им наложуваа на вратарите кога да не пуштаат и тогаш настана хаос”, вели изворот.
“Еден од вратарите беше избоден до смрт и умре. Една хостеса е повредена. Тоа е трагично, момчето не успеа долго да ужива во Лондон”, додава тој. Промотерот на клубот, Томи Мек, исто така потврди дека Девенпорт имал удел во организацијата на забавата и навел дека таму имало многу богати гости, кои трошеле илјадници евра за да си резервираат маса на забавата.
Fraudster Edward Davenport sells mansion to settle £13m court orders http://t.co/iYHwot4IgZ
— The Guardian (@guardian) May 20, 2015
“Тоа беше приватна забава која заврши лошо”, истакнува изворот. Криминалците се обиделе да упаднат на забавата, било откриено подоцна. Тјудор Симионов бил снимен како се тепа со девет лица, пред да биде убиен пред “Парк Лејн” во 5:30 часот по локално време. Симионов ги турнал момчињата и ги удирал, кога бандата се обидела да влезе на луксузната забава. Снимката завршува пред еден од криминалците да извади нож и да го забоде Симионов во гради.
https://twitter.com/x_summers/status/662961332602425344
Снимките и фотографиите по убодот покажуваат дека кон криминалците биле фрлани вази од фоајето, од кои една погодила напаѓач во глава. Тјудор се преселил во Британија од Романија во “потрага по подобар живот” пред само два месеци, а неговата девојка открила дека планирале да се венчаат во 2019-та година.
'Lord' Edward Davenport. Still not got it. pic.twitter.com/FcJl9eHMwR
— Guy Walters 🇺🇦 (@guywalters) December 20, 2016
“Во овој момент не можам за него да зборувам во минато време. Беше мој иден сопруг и дојде во Лондон во потрага по подобар живот. Не можам да опишам колку сум тажна”, напиша таа на социјалните мрежи./Точка
https://twitter.com/SileER/status/1080950509639553024