Кучињата ве нушкаат „таму долу“ – ветеринарите објаснуваат зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Многумина од вас се нашле во непријатна ситуација кога ќе се сретнат со слатко кученце, нивната муцка да заврши онаму каде што навистина не сакате. Исто така е непријатно кога вашето куче ќе почне да го нушка меѓуножјето на странец, но ветеринарите имаат објаснување за ваквото однесување.

Кучињата се љубопитни по природа и го користат својот нос за да соберат секакви информации за луѓето, животните и нивната околина.

„За нив тоа е начин на живот. Кучињата имаат феноменално сетило за мирис, а тоа нушкање на меѓуножјето е само уште една алатка што ја користат за да ве запознаат“, изјави ветеринарот Вернард Хоџис за Reader’s Digest.

Но, зошто кучињата го нушкаат токму тој дел од телото?

Едноставно кажано, тоа е најпристапното место за куче. Тие откриваат феромони, кои се хемиските сигнали произведени од апокрините (потните) жлезди кои се наоѓаат главно во препоните и пазувите на луѓето. Двата дела од телото пренесуваат многу информации, како што се возраста, полот, расположението и здравствените проблеми, но на нашите четириножни пријатели едноставно им е многу полесно да пристапат до меѓуножјето отколку до пазувите.

Кучињата имаат импресивно сетило за мирис. Се наоѓа на непцето, со канали кои се отвораат кон носот и устата, овозможувајќи оптимални способности за душкање.

И покрај гласините дека кучињата можат да намирисаат бременост, тоа не е точно.

„Она што тие можат да го намирисаат е промена во нашите тела што може да се должи на хормоните“, вели ветеринарот Дејанира Смит.

Иако не е многу пријатно кога куче ќе ви нушка околу меѓуножјето, за нив тоа е апсолутно нормално однесување.

Нушкањето на меѓуножјето не е толку различно од кога кучињата се нушкаат едни со други за да се поздрават и да соберат информации за возраста, полот и репродуктивниот статус. Бидејќи кучињата ги сметаат луѓето за дел од нивната глутница, нагонот да го нушкаат меѓуножјето е веројатно инстинктивен начин на поздравување на луѓето.

Слични содржини