Кулеба: НАТО одлучи да се откаже од барањето Украина да го следи Акциониот план

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска изјави дека НАТО одлучил да се откаже од барањето Киев да го следи Акциониот план за членство (МАП), како дел од патот кон приклучување кон Алијансата.

Таквиот потег ќе го скрати патот на Украина кон влезот во НАТО, рече Кулеба.

„По интензивните разговори, сојузниците на НАТО постигнаа консензус за отстранување на планот од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ќе го забрза нашиот пат кон НАТО“, напиша Кулеба на Твитер.

Слични содржини