„Култура во време на Корона“ – денеска 4 нови изведби

од Vladimir Zorba

Музичката група EYE CUE вчеравечер одржа едночасовен концерт како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје како подрршка за културните работници.

За денес се планирани четири нови изведби на различни локации во Скопје, почнувајќи во 12.00 часот со Христина Зафировска (видео – визуелни уметности), потоа во 17.00 часот во Топанско Поле ќе настапи Артан Кастрати, веднаш потоа во 18.00 часот ќе следи настапот на групата Funk Shui кај Млечен, а вечерниот концерт ќе биде во изведба на Musaiq со почеток во 20.00 частот повторно кај Млечен.

Сите настапи ќе биде стримувани на:

– фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs

– Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

Покрај музичките настапи, во програмата „Култура во време на Корона“ за наредниот период планирани се изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби.

Слични содржини