Кумановец пронашол две неексплодирани минофрлачки гранати од Втората светска војна

од Берта Китинска

Вчера во 14:15 часот во СВР Куманово, З.Д.(49) пријавил дека на улица „Железничка“ пронашол две неексплодирани минофрлачки гранати од Втората светска војна со калибар 75 мм, информираше полицијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Слични содржини