Курти до регионот: Сите парламенти да усвојат Резолуција за геноцидот во Сребреница

од Nikola Popovski

„Многу ни е драго што вчера успеавме да ја усвоиме Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, во Собранието на Република Косово и со тоа да ги извршуваме нашите должности како претставници на нашиот народ“, рече Албин Курти и ги повика парламентите на регионот да усвојат ваква Резолуција.

Резолуцијата беше усвоена со 89 гласа „за“, никој не беше против и никој не беше воздржан (пратениците од Српска листа ја напуштија седницата).

„Мораме го осудиме овој грозоморен геноцид кој, како што реков во мојот вчерашен говор во Собранието, е најголемото злосторство во Европа по Втората светска војна. Силно го осудивме геноцидот врз српскиот режим во Сребреница. И не само убиства, туку и сите кршења на човековите права. Знаеме дека има повеќе од 1.000 Бошњаци кои сè уште се водат како исчезнати. Исто така, ние во Косово имаме 1.632 наши граѓани кои сè уште се водат како исчезнати, бидејќи не знаеме што им се случило во текот на 90-тите години“, рече Курти.

Тој додаде дека е среќен што новата влада на Косово конечно има стабилно мнозинство во Собранието.

„Тоа ни овозможи да ја усвоиме Резолуцијата, која, повторувам, беше наша должност кон мирот, правдата, демократијата и нашата понова историја“, истакна Крути.

Курти ги повика парламентите на земјите од регионот исто така да ја усвојат Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

„Освен што го осудивме геноцидот врз српскиот режим во Сребреница во 1995 година, ние исто така ја осудивме секоја тенденција намерно, јавно да го негираме геноцидот во Сребреница, со цел да ги омаловажиме жртвите и да ги прикриеме извршените злосторства. Знаеме дека Парламентот на Црна Гора исто така ја усвои Резолуцијата за Сребреница и веруваме дека и другите парламенти во регионот треба да го сторат истото. Ние веруваме дека оние кои на одреден начин го негираат геноцидот во Сребреница, веруваат дека тоа требало да се случи. Тие се идентификуваат со криминалци. Морам да кажам дека на тој начин тие го одржуваат во живот сонот за повторување на геноцидот “, изјави Курти, пренесува „Косово онлајн“.

Тој јасно стави до знаење дека „тој што го негира геноцидот што се случил, ја остава вратата отворена за повторување на геноцидот“.

„Затоа веруваме во контекст на Резолуцијата за Сребреница, колку што е важно да се осуди геноцидот во Сребреница како таков, исто така е многу важно силно да се осуди секоја тенденција за негирање геноцидот. Како прво, ние, се разбира, мора да ја изразиме својата длабока тага за невините жртви. Исто така, треба да ги повикаме сите меѓународни институции, вклучително и оние во регионот, да дадат се од себе за да се создаде правда. Во исто време, многу е важно да се осудат и геноцидот и негирањето на геноцидот “, рече премиерот Крути.

Слични содржини