Курти потпиша договор со ЕБОР за 400 милиони евра инвестиции во Косово до 2027-ма

од Radmila Tasevska
236 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти објави дека денеска потпишал договор со Европската банка за развој и обнова (ЕБОР) за инвестиции од 400 милиони евра во главните сектори за економски развој на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку неговата страница на платформата Х (поранешен Твитер), Курти информира дека со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо потпишал партнерски меморандум, кој се очекува да донесе инвестиција од 400 милиони евра во Косово за периодот 2024–27.

Курти во објавата нагласува дека оваа сума е поголема од вкупно 340-те милиони евра добиени како заеми и грантови за сите претходни 11 години колку што Косово е членка на ЕБОР.

– Партнерството со ЕБОР е посилно од кога било. Штотуку потпишав Меморандум за договор со претседателот Одил Рено за 400 милиони евра инвестиции во главните сектори за периодот 2024-2727 година – повеќе од 340- те милиони евра заеми и грантови во текот на сите претходни 11 години откога Косово стана држава членка, напиша Курти.

Слични содржини