Курти: Разговараме со македонското министерство за правда околу екстрадицијата на Исмаиловиќ и Демири

од Nikola Popovski

Министрите за правда на двете влади се во постојан и директен контакт околу ова, вели косовскиот премиер Албин Курти на заедничката прес-конференција со премиерот Заев, како одговор на новинарско прашање дали Косово ќе ги екстрадира осомничените Африм Исмаиловиќ и Алил Демири за случајот „Монструм“.

Тој информира дека како Влада наследиле трагични случаи и тешки предмети во минатото, кои имале тешки процеси.

-Не се разјаснети до крај и не е објавена целата вистина. Со Заев зборувавме за меѓународна помош за правда за двете земји, но и за жртвите од процесите, дообјаснува Курти.

Слични содржини