Курти за ослободувањето на Пантиќ: Љубопитен сум да дознаам кој е обвинителот кој бара куќен притвор за тероризам

од Vladimir Zorba

Приштина речиси веднаш реагираше и упати закани кон судијата и обвинителот, кои утринава побараа и одредија домашен притвор наместо затвор за полицаецот Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред речиси три недели на административниот премин Јариње.

За нив тоа што донел таква одлука е „чин на предавство“ и „доказ“ дека патриотизмот не му е силна страна, а прстот кон него го впери и приштинскиот премиер Албин Курти, кој се интересира „кој е обвинителот кој донел таква одлука“.

– Кога имаме обвинение за тероризам, тој се праќа во домашен притвор. Многу сум љубопитен да дознаам кој е обвинителот кој бара куќен притвор и кој е судија на претходна постапка што го одобрува – изјави Курти, пренесе „Газета експрес“.

Слични содржини