Куртоа: Челзи ќе заврши во Топ 4

од Vladimir Zorba

Челзи ги има сите шанси да се пласира во топ 4 и да учествува во Лигата на Шампионите, убеден е голманот на тимот – Тибо Куртуа.

Тимот од Лондон загуби од Манчестер Јунајтед со 1:2 во текот на викендот и се петти на табелата со заостанување од 6 поени по вториот Јунајтед.

„Овој пораз ништо не менува. Сити е далеку напред, но за топ 4 се борат пет тима и ги имаме сите шанси да се избориме за второ, трето или четврто место. Битката ќе биде до последниот натпревар. Видовте дека имаме доволно квалитети да да се натпреваруваме со водечките тимови“, рече Куртоа.

Слични содржини