Курц: Ердоган свесно ги злоупотребува бегалците

од Aleksandar Petrovski

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го осуди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган обвинувајќи го за злоупотреба на бегалците за да изврши притисок на Европската унија.

На конференцијата за новинарите по состанокот со министрите за внатрешни, надворешни работи и одбрана во Виена, изјави дека пред еден месец не постоела хуманитарна криза во Турција, ниту на грчката граница, а денес се соочени со бран бегалци, но не на двете копнени граници.

„Се случува да имаме бран бегалци само на грчката граница, но не и на границата кон Бугарија. Тоа покажува дека не се работи за никаква случајност, туку за нешто организирано. Не се тоа луѓе кои од Сирија бегаат кон Грција, туку тоа се луѓе кои со години живеат во Турција. Претседателот Ердоган свесно ја организира оваа акција. Автобуси се ставаат на располагање, на мигрантите им се даваат лажни информации и свесно се обидува да организира притисок на границата кон Грција“, тврди Курц.

Курц истакна дека луѓето се користат како играчки и инструмент за вршење притисок на ЕУ, што мора да се осуди. Тој ја обвини Турција дека сноси одговорност за драматичната ситуација во Идлиб во Сирија.

Слични содржини