Курц побара засилување на контролата на надворешните граници на ЕУ.

Европската унија треба да ја скрати финансиската поддршка за земјите кои одбиваат да ги прифатат назад пристигнатите во Европа бегалци. Ова го изјави во интервју за “Шпигел” австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
“Многу земји немаат интерес да им ги враќаат нивните државјани”, рече тој. Тоа треба да се промени, категоричен е австрискиот дипломат. Тој смета дека дури самата закана за намалување на финансиската помош може да има влијание и да ја промени својата позиција на властите во овие земји.
Курц уште еднаш побара засилување на контролата на надворешните граници на Унијата.
“Вложувачки фактор е контролата и не можеме да не контролираме кој влегува во ЕУ и кој живее тука”, рече тој. “Уште пред година и половина предупредуваа дека миграциските правци може да се користат од терористи. За жал тоа се потврди “, заклучи Курц.
Претходно австрискиот министер за надворешни работи предлагаше бегалците да бидат запрени на границата и веднаш вратени назад. Тој сметаше на создавање на кампови за бегалци во регионите на конфликти, но надвор од територијата на заедницата па таму да се одлучува дали тие можат да добијат азил во ЕУ. / ТАСС