Кузеска: Преовладеа разумот на вчерашната лидерска средба

319 прегледи

Во рамки на своето гостување во „Само вистина“, портпаролката на владејачката СДСМ, Богданка Кузеска се осврна на средбата помеѓу Заев и Мицкоски.

„Би се согласила дека се преовлада разумот во средбата помеѓу Заев и Мицкоски. Но, во следниот период треба да се обрне на внимание за тоа како ќе се одвива примената на вчерашниот договор помеѓу двајцата лидери. Меѓу договорот за пописот, лидерите се договорија да се одблокира Собранието, кое веќе оддамна не може да профункционира и оттаму петтиот пакет економски мерки за граѓаните беше неизвесен. Заев во вчерашната средба се обиде на секој начин да го инволвира Мицкоски во сите суштински важни работи и да ја поттикне опозицијата да биде инклузивна. Целта е да се оддржи пописот и да се добие реална слика, бидејќи е потребно да се креираат мудри политики“, истакна Кузеска.

Слични содржини