Првото живо суштество кое кружеше околу Земјата беше кучето Лајка од Советскиот сојуз. Пратена е во вселената во ноември 1957 година и поради тоа Русите овој месец се сеќаваат на него.

Професорот Виктор Јаздовски си играл со Лајка како дете кога неговиот татко од вселенската агенција на СССР пред мисијата ја донел дома да си поигра со децата пред мисијата за која вежбала со месеци.
„Беше многу трпеливо и приврзано куче. Беше лесно да се тренира затоа што беше многу бистра. Имаше многу експресивни, темни очи. Мојот татко сакаше да ја одведе од службеното окружување во лабораторијата и ја доведе дома за да трча со нас околу“, се присетува Јаздовски кога тој имал девет години.
Неговиот татко ги тренирал кучињата за вселената. Често ги доведувал дома да си играат со децата.
„Беа добро истренирани. Кога ќе им се издадеше наредба веднаш одеа во комбето и ги носеа назад во лабораторијата“, вели професорот.
Сите кучиња кои требало да бидат пратени во вселената не смееле да бидат потеќки од седум килограми. Сите биле скитници, многу издржливи и да не бараат многу. Биле квалификувани затоа што биле научени на живот на улица.
„За да и се мери пулсот и дишењето на Лајка, мојот татко ја премести главната артерија поблиску до кожата. Радиски предавател и бил ставен на ребрата и вратот. Орбитирала меѓу сто и илјада милји над Земјината кора, а научниците го следеле нејзиното осамено патување. Иако не знаеше, Лајка на луѓето им рече може за неколку години да дојдете и да ги следите моите стапки“, вели Јаздовски.
На 40 годишнината од револуцијата во 1957 година Русите требало да направат нешто за празникот и вложиле во овој лет. Хрушчов бил лидер на Комунистичката партија на СССР и сакал да им покаже на Американците кој е прв.

„Сите беа загрижени за Лајка. Знаеја дека нема да се врати од ова патување. Научниците не знаеја како да вратат живо суштество од орбитата на Земјата. По 10 часа угинала од висока температура во капсулата затоа што системот за топлинска изолација не е направен правилно“, вели професорот.
Во знак на сеќавање на овој лет направени се посебни поштенски марки и пликоа со ликот на Лајка. Направени се и посебни цигари и кибрити наречени Лајка. Во 2008 година Лајка доби и споменик во Москва.
„Летот на Лајка покажа дека може да се преживее во бестежинска состојба и ги отвори вратите за патување на луѓето во вселената“, вели Јаздовски.
Сите кучиња кои учествувале во вселенски мисии Русите ги прогласија за херои.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=Fb4PkSm6D7c