Лапорта имал морална должност кон Меси

од Vladimir Zorba

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш проговори за можното враќање на мегаѕвездата Лионел Меси на „Камп Ноу“. Во 2021 година, Аргентинецот се пресели во францускиот клуб Пари Сен Жермен со договор до летото 2023 година.

Меси играше за Барселона помеѓу 2005 и 2021 година, забележувајќи 776 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 670 голови и 302 асистенции, со што стана една од најголемите, ако не и најголема, легенди на клубот.

„Како претседател чувствувам дека имам морална должност кон Меси да му го дадам најдобриот момент и средина за да ја заврши кариерата“, прокоментира Лапорта, цитиран од „Марка“.

Во меѓувреме, „Диарио Спорт“ објави дека раководството на Каталонците планира трансфери од 1,3 милијарди евра во сезоната 2022/2023. 400 милиони ќе дојдат од продажбата на телевизиските права на компанијата Sixth Street, а уште 100 од трансферот на 24,5 отсто од акциите на Barca Studios на socios.com.

Останатите 800 милиони се очекуваат од вообичаените активности на клубот. За сезоната е планирано да се троши 900 милиони евра, од кои 620 милиони ќе бидат за плати на играчите и останатиот персонал во клубот.

Според сметките, Барселона на крајот од сезоната треба да оствари профит од 400 милиони евра.

Слични содржини