Лапорта: Сакаме Меси да се врати во Барселона

од Vladimir Zorba

Лионел Меси би можел да се врати во Барселона и да ја заврши кариерата со Каталонците, изјави претседателот на тимот Жоан Лапорта на прес-конференција во Њујорк.

Меси ја напушти Барса во солзи пред 12 месеци за да потпише за Пари Сен Жермен, откако Каталонците му објаснија дека не можат да го задржат од чисто финансиска гледна точка.

Репрезентативецот на Аргентина има 672 гола на 778 натпревари и е водечки стрелец во историјата на клубот и тоа не со двојно водство против вториот, туку со речиси тројно.

„Ерата на Лео не заврши како што сите сакавме. Заврши поради финансиски проблеми. Му должиме. Сакаме тој да се врати во Барса и да ја заврши кариерата кај нас”, изјави Лапорта од американско тло.

„Тоа, се разбира, е само моја желба. Не сум разговарал со него. И јас сум виновен за тоа што се случи, но мислам дека може да се поправи. Мислам дека можеме да ја оствариме мојата желба“.

Меси има уште една година од договорот во Франција, но Пари Сен Жермен има опција да го продолжи на уште една сезона.

Слични содржини